Трансакцијата на сопственоста била препорачана од специјален комитет на Одборот на директори на Торстар, со поддршка од мнозинството нејзини акционери. Ваквата Одлука била поддржана и од нејзиниот најголем независен акционер, Ферфекс Финансиски холдингс ДОО. Компанијата Нордстар моментално е раководена од Јордан Битов и Пол Ривет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 мај, 2020 10:45

Македонец стана сопственик на Торонто Стар и 70 други медиуми во Канада!

Фото/Текст извор: ©весник илинден

Македонецот Јордан Битов кој живее и работи во Канада, стана сопственик на Торонто Стар, откако компанијата која беше претходно сопственик стана приватна компанија, објави Весник Илинден.

Имено компанијата која беше сопственик на Торонто Стар, исто така има повеќе од 70 весници, според веб-страницата на компанијата, во нивното портфолио стојат и десетици други дигитални бизниси во Канада. Според последните информации од Компанијата, овој медиумски гигант станува приватна компанија. Трансакцијата на сопственоста била препорачана од специјален комитет на Одборот на директори на Торстар, со поддршка од мнозинството нејзини акционери. Ваквата Одлука била поддржана и од нејзиниот најголем независен акционер, Ферфекс Финансиски холдингс ДОО. Компанијата Нордстар моментално е раководена од Јордан Битов и Пол Ривет.

Таа е во целосна сопственост на семејствата Битов и Ривет. Ривет неодамна се повлече од својата улога на претседател на Ферфекс Финансиски холдингс ДОО. Според соопштението на Нордстар, поранешниот премиер на Онтарио, Дејвид Петерсон прифатил да биде назначен за заменик-претседател на Торонто Стар по завршувањето на трансакцијата. Се очекува г-дин Boyон Бојтон да продолжи да ја извршува својата функција, извршен директор на Торстар. „Ние веруваме во вести. Со оваа трансакција можеме да обезбедиме иднина за новинарите од светска класа и новинарство од светски ранг што ѝ прилегаат на историјата на Торонто Стар“ – рече Битов во истата изјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

202 санкционирани возачи во Скопје, 22 за користење на мобилен, 17 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените...

Натамошно надоградување на системот за правда за децата е дел од Акцискиот План на Министерството за правда за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2017-2022, а во тек на подготовка се измени на Законот за правда за децата.

Маричиќ: Судовите се помалку изрекуваат заводски воспитни мерки за децата во судир со законот

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на панел дискусија на која се одбележа...

Убеден сум дека ќе имаме статистичка операција која ќе ги евидентира и ќе покаже релевантни и точни податоци, кои ќе ни помогнат за креирање на економските политики, рамномерни регионални планови за развој, соодветни политики во образование, култура, здравствена заштита.

Заев: Пописот е статистички процес неопходен на државата за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација...