СДМС очекуваат надлежните институции да го разоткријат случајот со незаконското снимање, но и емитување на снимка која предизвика реакции и барање оставка од пратеникот Павле Богоевски,

Објавил: Македонка Димкин | 17 мај, 2019 9:40

Македонија бара оставка на Павле Богоевски, СДСМ пак, да видевме прво кој снимал?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Наместо веднаш да побараат отставка од партијата на власт која нема ден а да не избие скандал  од СДМС очекуваат надлежните институции да го разоткријат случајот со незаконското снимање, но и емитување на снимка која предизвика реакции и барање оставка од пратеникот Павле Богоевски, откако одекна снимен разговор на социјална мрежа од профил со псевдоним „Илија Громовник“, за која Богоевски тврди дека нарачува масло од канабис.

»Очекуваме сите надлежни и засегнати институции да постапат и да го разрешат случајот, особено и околу неовластеното снимање и емитување. Што се однесува до моралните аспекти, тие се на личната совест и одговорност на секој пратеник. Законите важат за сите подеднакво. – вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Инаку на снимката се слуша како пратеникот нарачува дрога. И самиот Богоевски ја потврди автентичноста на аудиото, по што јавноста бурно реагира и масовно бара негова оставка.

И додека СДСМ се занимва со опашката , социјалните мрежи удираат по главата, таму од каде што смрди рибата, новинарот од лидер дециден и директен кон Богоевски.

Павле милува да држи лекции,  време е за сериозна работа , но и уште посериозно размислување за лекциите кои треба да ги научиме од денешниот ден, порача тој после првиот круг на ПУ избори. Но дали Павле е спремен да ја научу лекцијата од неговите гласачаи: Тие не сакаат особи кои се „дрогираат„ да бидат нивни представници, социјалните мрежи вријат , сите бараат оставки.

Е сега, драг Павле, поради твојата патетичност успеа да ме налутиш до ниво да се покајам што пред година ипол не сум ти ја објавил снимката. За оваа колумна ме инспирираше пред се поради тоа што патетично не лажеш во очи, па уште манипулираш малициозно фаќајќи на емоции дека некому си помагал.

Имено, друже Пајо, не си ти единствен наркоман во државава, има и други кои на нас новинарите може да ни кажат дека:

1. Маслото за канабис нема жаргонска мерка единица “пола” (се мисли на грам), туку се мери во “кубици”. Ти во снимениот разговор велиш „Спреми ми пола”, ама друже пола кубик не е 2500 (две ипол илјади), туку е 500-600 денари. Така што не е масло, можам да се обложам. Башка во терапија, пола кубик уље за 2-3 дена се троши и тешко е да се стави во таква мала количина во шприц.
2. На пазарот, друже Пајо, има два вида на „грамови“. Еден е пакуван кој се продава улично и чини околу 3000 денари. Но, како што тврдат конзументите, во тој пакуваниот скоро никогаш нема 1 грам кокаин, туку најмногу 0.5, 0.6 грамови. Ова што според снимакта го порачуваш е познато како „мерен грам“, неговата цена е околу 5000 денари и кога тој ќе се стави на вага покажува точно 1 грам. Ти бараш дилерот да ти спреми „пола“, така што тој еден цел „мерен грам“, ти го дели и половина ти продава за 2500 денари. Во исто време, како што тврдат конзументите, со таквиот начин на набавка се купува далеку почист кокаин. Што има да ти спрема во маслото кое тврдиш дека го купшуваш? Невозможно е да се спреми пола кубик масло.
3. Конзументите сведочат дека кокаинот е единствената дрога која дилерите ја доставуваат до дома. Така што друже, секој обид патетично да се извадиш ти пропаѓа во вода.
Дополнително, дури и си во право, како доктор на науки би требало да знаеш дека производството и продажбата на масло од канабис е регулирано со закон и може да се купи во аптека. Ти Пајо, не си купил во аптека, што е исто така кривично дело. За набавка на црно на масло од канабис, луѓе лежат во затвор – ајде Павле, пријави се во обвинителство и придружи им се. Откриј кој го произведува, нека лежи и тој.
Во неговото оправдување, Богоевски се вади дека со снимката се нарушувала неговата приватност. Но, заборава да спомне дека тој е јавен функционер кој во Собранието носи одлуки (како промена на името на државата) и дека својата работа треба трезвено да ја извршува, што значи дека не треба да е издрогиран. Од тука, претседателот на Собранието, Талат Џафери, би требало да нареди Павле да биде ставен на дрога тест, а доколку на истиот падне – да му биде одземен мандатот.
Нормално, почитувани читатели, кога вие се дрогирате, ве фаќаат и одите во затвор, а кога власта го прави истото – тоа е прогресивно и објавувањето значи нарушување на приватноста.

Не верувам дека Талат ќе има храброст својот коалиционен партнер да го стави на дрога тест, така што единствен начин Павле да докаже дека не е наркоман е да ме тужи мене за овој објавен текст. Така, наместо Талат, јас ќе го вештачам Павле во судскиот процес.
Доколку Павле го добие судскиот процес и со вештачење докаже дека не конзумира дрога, јавно ветувам дека како вистински џентлмен ќе му ја платам пресудената оштета и јавно ќе се извинам.

За крај, вие почитувани читатели, погледнете ја физичката трансформација кај Богоевски. Отечен лик, значително здебелен за краток период. Отсутен и искривен поглед – се ова се симптоми за конзумација на дрога. Да, за вас во Собранието одлучува лице кое не е при здрава свест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...