Денеска ќе блокира и протестира против уставните измени во 40 општини низ Македонија.

Објавил: admin@magazin | 29 декември, 2018 11:24

Македонија Блокира : “Заев и Спасовски да не провоцираат”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

„Македонија-Блокира“ согласно активностите за блокади и протести и во внатрешноста на земјата, денес, ќе блокира и протестира против уставните измени во 40 општини низ Македонија во периодот од 13:00 до 15:00 часот. 

Денеска во периодот од 13:00 до 15:00 часот„Македонија-Блокира“ќе блокира и протестира против уставните промени.

„Македонија- Блокира“ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.

Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга и Кичево.

Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга и Кичево Охрид кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.

Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“,  се вели во соопштението на движењето.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести