Вчера министерот за здравство Венко Филипче најави можни нови мерки за превенција за натамошно ширење на вирусот. Тој рече дека денеска ќе имаат дополнителна дискусија во рамки на Комисијата за заразни болести.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2020 10:24

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРА ФАЗА СО 555 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС- Денеска нови мерки и промена на полициски час?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Бројот на заболени од коронавирус во државава постојано се зголемува. Министерот Венко Филипче вчера изјави дека Македонија  со 555 заболени влегува во втора фаза и се очекува во следните недели овој број да продолжи да се зголемува. Најмногу заболени има во Скопје – 235, Куманово – 114, Дебар – 49. Бројот на починати лица како последица од Коронавирус достигна 18, а 23 се излекувани.

Во Македонија, според последните  информации, заболени се вкупно 555 лица од коронавирус. Од нив регистрирани се 52 случаи на заболени здравствени работници. Тие се луѓе што се во непосреден контакт со пациентите. Од нив, 34 се заболени во болнички – амбулантски услови.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче најави можни нови мерки за превенција за натамошно ширење на вирусот. Тој рече дека денеска ќе имаат дополнителна дискусија во рамки на Комисијата за заразни болести.

– Се наоѓаме во критичниот момент со очекуван раст на бројот на заболени од Ковид-19. Очигледно е дека влеговме во втората фаза на пандемијата со коронавирусот. Бројот на заболени во деновите пред нас дополнително ќе расте. Се уште остануваат прогнозите пикот на болеста да биде на крајот на месецов и очекуваме 2.000 пациенти, иако многу фактори влијаат на овие предвидувања, истакна Филипче и апелираше граѓаните максимално да ги почитуваат мерките, физичките контакти да ги сведат на минимум и да се штитат од секоја ризична комуникација или движење.

Еден од главните проблеми, според него, е што има асимптоматски носители на вирусот, а ширењето на овој начин од овие носители може да се спречи само со седење дома, односно со изолација.

Од 555-те заболени од коронавирусот, 52 (9,5 проценти) се здравствени работници. Филипче им порача на здравствените работници максимално да ги почитуваат протоколите кои ги има од самиот почеток на пандемијата, да се штитат во и надвор од работните места, затоа што нивната улога, нивното здравје е од примарно значење во овој момент во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. Во сите останати општини, во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Забрана за гробишта за Задушница: Полициски час од 80 часа во половина Македонија!

На денешната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести,...

Селмани еден од повеќетемина пациенти кои се најтешко болни и лежат на инфективна. Оваа девојка освен што има вирус имала итна хирушка интервенција на друга клиника и била во критична состојба.

Не вратија од мртвите, сведочат за Телма пациенти со КОВИД 19, кои лежат на Инфективна!

Ова е Заир Селмани од Куманово. Верува во бог ама и во докторите кои му го спасиле животот....

-Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку е оваа лоша болест кога ќе се рашири.

ЖАН МИТРЕВ: Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19!

Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку...

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години.

ЦРН ПОНЕДЕЛНИК: 89 новозаразени со коронавирус, починаа седум лица во Македонија!

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19. –...