Во доцните попладневни и во вечерните часови, особено во северните предели ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2020 9:41

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: Денеска пеколни температури до 41 степен!

Фото/Текст извор: ©Фокус.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и од североисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува.

Во доцните попладневни и во вечерните часови, особено во северните предели ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува, особено кон краткот на денот кога ќе биде од северен правец. Во доцните попладневни и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени. Потоа во сабота ќе ина локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град, додека од недела се очекува стабилизирање на времето. Што се однесува до температурите од недела ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Повторно незначителен пораст на истите ќе има од вторник.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно и нестабилно, повремено со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 25 степени.

Нестабилно време до крајот на неделава- честа појава на врнежи и грмежи, значително опаѓање на температурите!

Денеска времето во Македонија и натаму ќе биде претежно облачно и свежо, на повеќе...

Во Скопје и околината времето ќе биде промелниво облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ со град. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Чести врнежи и грмежи, и опасност од локални поплавувања- температури до 31 степен

Денес времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и нестабилно во поголемиот...

Кон крајот на денот, и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

УШТЕ ДЕНЕСКА ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ- Од утре нестабилно време и услови за невреме!

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност...