Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и над 42 степени.

Објавил: Сара Фемина | 23 јули, 2022 11:55

МАКЕДОНИЈА ВО ОПАСНА ФАЗА ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА И СЛЕДНАТА СЕДМИЦА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и над 42 степени.

Исклучок ќе биде недела, како и следната среда коа ќе има услови за локална појава на попладневна нестабилност.

Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради екстремно високите температури на воздухот, внимавајте како се однесувате со природата. Можна е појава на шумски пожари!

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Сепак утре и во четврток во попладневните и во вечерните часови на МНОГУ МЕСТА ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВНИМАВАЈТЕ: ТРОПСКИТЕ ГОРЕШТИНИ ПРОДОЛЖУВААТ – НО ДОАЃА ГОЛЕМО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

Многу високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и во следните денови...

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 30 л/м2), со што можни се и локални поплавувања.

ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН, МНОГУ ДОЖД И ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

Голема промена на времето и тоа под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран ќе има во...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Ултравиолетовото сончево зрачење се очекува да биде до осмиот степен. Во наредните денови температурите ќе бидат во пораст.

Сончево и топло, на места со температура од 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На места...