За болеста дознала кога имала 28 години, по прекинот на доењето на своите две ќеркички.

Објавил: Македонка Димкин | 27 јули, 2023 21:24

Македонија во солзи: Згасна животот на македонската докторка која инспирираше со својата позитивност

Фото/Текст извор: ©Гламур

Голема тага, почина младата македонска докторка која за својата битка со канцерот зборуваше јавно.

Мисијата на Марија Бунда Калпак беше да ја подигне свеста за ракот на дојка и отворено говореше за својата борба.

Таа одлучи јавно да ја раскаже својата приказна, а на Инстаграм постјано ја информираше јавноста за своето лекување, но и споделуваше совети со кои влеваше позитивна енергија и надеж до сите оние кои поминуваат низ тежок период

 

Др Марија Бунда

Постојано потенцираше на важноста од редовни прегледи кои се од непроценливо значење за раното откривање на разни заболувања, додека можноста за елосно излекување е огромно. За болеста дознала кога имала 28 години, по прекинот на доењето на своите две ќеркички.

Како што раскажа, почувствувала грутка на левата града, но сметала дека е некоја нус појава од доењето.

Се одлучила да направи ехо откако грутката веќе почнала да се зголемува и да боли, но и докторот ѝ рекол дека станува збор за густо масно ткиво.

Иако нејзината мајка е радиолог за гради во Англија и е ментор на специјализанти од Кембриџ, Марија снимката од ехото ѝ ја покажала дури поле 2 месеци откако грутката сериозно почнала да се зголемува.

Тогаш започна нејзината борба со оваа тешка болест, а нејзиние следбеници на Инстаграм беа во тек со сѐ што ѝ се случува.

Денеска, во медиумите се прошири веста дека Марија ја изгубила битката.

Нејзините следбеници и пријатели сега се збогуваат со неа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.