А нашите фудбалери одиграа машки, со срце и со памет. На сите позиции „десетки“ за сите со оглед на важноста на оваа средба, со оглед на тоа што сега и Косово знае „кој е кој“.Македонија е за класа подобро од ова Косово кое заслужува респект, но освен подарениот гол тие ништо и не направија.

Објавил: Перо Милчин | 8 октомври, 2020 23:44

МАКЕДОНИЈА ГО ЗГАЗИ КОСОВО: НАШИТЕ „ЛАВОВИ“ СЕ НА ЧЕКОР ДО ЕП!

Фото/Текст извор: ©спорт медиа Магазин.мк

Македонија е во финалето од Лигата на нации, на чекор до пласман на ЕП, до сонот на сите Македонци! Фудбалската репрезентација оди според планот.

Победено е незгодното Косово пред празен стадион во Скопје во меч кој според сите очекувања донесе психички тежок меч, истрпувачки за двата тима. На теренот ние бевме подобри, игравме фудбал, правевме шанси и дававме голови.

Македонија е за класа подобро од ова Косово кое заслужува респект, но освен подарениот гол тие ништо и не направија.

А нашите фудбалери одиграа машки, со срце и со памет. На сите позиции „десетки“ за сите со оглед на важноста на оваа средба, со оглед на тоа што сега и Косово знае „кој е кој“.

Ристовски „пука“, Велковски “забива“
 
По само 15 минути игра веќе црвена радост. Македонија води со 1:0. Добар проток на топката на Несторовски, Пандев, Адеми и завршен удар на Стефа Ристовски кој „пука“ а топката среќно од Алити оди во мрежата на Косово.
 
Среќата ги прати храбрите а така и овој гол на Ристовски. Но кога се беше во ред се случи „подарокот“.
Од ништо нешто за Косово и лоша реакција на нашиот голман Димитриевски со Дарко Велковски.
Тоа го користи Хадерѓонај кој од 30 метри го лобува нашиот чувар на мрежата.
Но Дарко Велковски брзо враќа. По само 5 минути „забива“ со глава по скратениот корнер кој го изведе Барди, нова радост, ново водство… браво Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва им честиташе на фудбалерите за пласманот на Европското првенство. Воедно, ги замоли да прослават со почитување на мерките.

Граѓаните почна да слават, Филипче ги повика да ги почитуваат мерките!

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва им честиташе на фудбалерите за пласманот...

Македонските фанови трепереа заедно со нашите репрезентативци, држејќи среќа во своите домови и надевајќи се дека мечот ќе заврши што поскоро, по водечкиот погодок на нашиот најдобар фудбалер.

Фудбалска историја: Македонија е на Европско првенство!

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев го постигна победничкиот погодок...

На сите учесници на турнирот им посакувам успех и добри резултати, со уверување дека оваа манифестација и во годините што се пред нас ќе ја оправдува својата целисходност и мотив, како што тоа досега беше случај, истакна Спасовски на отворањето!

Отворен Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Денеска повторно ја имам честа како министер за внатрешни работи да го прогласам за...

Македонската фудбалска репрезентација го победи Косово со 2:1 во полуфиналето на плеј-офот на Лигата на нации и дојде на чекор до својот прв пласман на европските првенства.

СИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Македонските фудбалери во дуел со Грузија- вечерва од 20:45 на Националната арена “Тодор Проески”

Македонија 🇲🇰 вечерва од 20:45 на Националната арена “Тодор Проески” против Грузија...