На денешен ден во 1903 година почнало Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ.
За време на востанието се воделе битки во Демирхисарско, Крушевско, Кичевско, Леринско, Охридско и Мариовско.
Најголем успех востанието имало во Крушево каде е формирана Првата Република на Балканот, која, како и востанието, биле задушени во крв по 10 дена.
На 2 Август 1944 година, во манастирот „Свети Прохор Пчински“ кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ, било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).
На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, била потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа, АСНОМ било конституирано како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик бил воведен како службен јазик во Македонија.
Двата Илиндена ќе бидат одбележани со пригодни свечености во целата земја.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.