Македонија
Вести
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги прими младите херои кои донесоа златен медал за Македонија.
„Денес ја имав честа да ги примам нашите млади херои кои донесоа злато. 8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, Б дивизија и златен медал. Македонија е горда на нивниот успех. Дело кое треба да се следи“, објави на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку,македонските кошаркари пред два дена ја освоија првата титула на Европско првенство и со тоа испишаа историја во домашната кошарка. Кошаркарите до 18 години го освоија златото во Б-дивизија и тоа без пораз на 8 натпревари.
На шампионатот што се играше во Скопје изминатите неколку дена, тие доминираа на секој натпревар, а во финалето ја победија Австрија сo 98:88 и го завршија првенството без пораз.
Со оваа титула, тие се пласираа во А-дивизијата и обезбедија настап на следното Европско првенство, што ќе се игра во Србија.


Интересно е што ова е прво злато на некоја македонска репрезентација во натпреварувањата на ФИБА, без оглед дали се работи за А или Б дивизија.
Нашиот капитен Никола Јаничиќ, кој вчера постигна 30 коша, беше прогласен за најдобар играч на првенството, а оваа титула му ја доделија селекторите на сите 22 земји-учеснички на првенството.


Во својот скор тој впиша и 5 скока, 4 асистенции, 4 освоени и 3 загубени топки.
Освен Јаничиќ, во идеалните пет кошаркари на првенството се најде уште еден наш кошаркар, Марко Луканоски.


Мицкоски ги следеше и додека играа на терен:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.