Пораката до Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ.

Објавил: Мартин Попоски | 24 март, 2020 15:37

Македонија и Албанија добија преговори со ЕУ: ВАРХЕЈИ- Ви честитам, вашата иднина е во ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министрите за европски прашања на Европската Унија денеска дадоа зелено светло за започнување преговори со Република Македонија и со Албанија.

Веста на „Твитер“ ја соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

-Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји, напиша на Твитер еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Пораката до Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ.

И лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја сподели веста на социјалните мрежи.

„Донесена е одлука! Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија.

Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ. Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.

Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот“, напиша Заев.

Честитки до сите, да ги завршиме преговорите што побрзо, порача техничкиот премиер Оливер Спасовски, откако денеска ЕУ одлучи Република Македонија и Албанија да отпочнат преговори за членство во Унијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Знамето на Република Македонија со интонирање на македонската химна пред малку се развиори пред седиштето на НАТО со и со тоа нашата земја стана 30 членка на Алијансата.

ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃА: Македонското знаме со химната се развеа пред седиштето на НАТО во Брисел!

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО пред малку беше подигнато македонското...

Тој посочи дека за таа цел ќе биде сменет правилникот и посочи дека ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.

Од денеска МВР ќе ги доставува личните карти и возачките на домашна адреса!

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференцијата одржана викендов...