Капитенот на македонската ракометна репрезентација скептик за добри резултати на Светското првенство во Германија

Објавил: Узунов Бобан | 10 јануари, 2019 13:17

Македонија и на ова светско на грбот на Кире Лазаров !

Фото/Текст извор: ©гол.мк/магазин

Со денешните натпревари во групите А и Ц, официјално ќе започне Светското првенство во Данска и Германија, што ќе биде 26. по ред светски собир на најдобрите ракометни репрезентации. Шампионатот за првпат ќе биде организиран од страна на две држави, кои обезбедија директен пласман во групната фаза.

Оваа година, љубителите на ракометот ќе имаат можност повторно да гледаат формат на одигрување на мечевите кој датира од 2011 година. 24 национални тимови прнајдоа место во четири групи од по шест учесници, од кои трите првопласирани ќе обезбедат пласман во главната фаза. Останатите тимови ќе разигруваат за пласман од 13-24 позиција.

Вториот дел од првенството носи нова поделба на групи, од по шест репрезентации, кои ќе се борат за првите две места со цел да стигнат до полуфиналето. Титулата од пред две години ја брани Франција која ќе биде ослабена и ќе настапи без Никола Карабатиќ. Домаќинот Данска исто така е во потесниот круг на фаворити, а тука се уште и европскиот првак Шпанија, секогаш незгодната Хрватска, подмладениот ростер на Германија и непредвиливите Норвешка, и Шведска.

Капитенот Лазаров во интервју за екипа.мк, смета дека би било светско чудо ако одиме во втра рунда. Видов многу работи, дека постои огромен талент, што е многу важно за да може било кој од нив да стане врвен играч. За жал, видов и работи што не ми се допаѓаат и што ме загрижуваат. Ги детектиравме тие слабости, не само јас, туку и целокупниот стручен штаб, дека многу слабо се работи во клубовите. Кога велам слабо се работи, тоа не значи дека слабо се тренира, бидејќи се тренира напорно. Слабо се учи ракомет, слабо се тренира ракометот. Сто пати имам кажано, ракометот е интелигентна игра во која треба да играш шах, да го надмудриш противникот. Увидовме дека Македонија има огромни таленти, но тие „дијаманти“ не се избрусени“ – предупредува капитенот на македонската репрезентација.

Репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата Б и ќе има тешка задача да се избори за втората фаза од натпреварувањето. Хрватите и Шпанците ги исклучуваме од конкуренцја, бидејќи важат за големи фаворити, па така останува Исланд да ни биде противникот со кој ќе се бориме за третата позиција. Нашата игра и после долги години се потпира на Кирил Лазаров, кој и на 38 години се очекува да биде лидер на СП. Нашиот најискусен репрезентативец најави дека ако треба ќе игра и среден бек, само да се оствари успех во групната фаза. Тука ќе бидат и младите Филип Кузмановски и Филип Талески, крилата Гоце Георгиевски и Дејан Манасков, а се чини клучот за македонскиот национален тим ќе биде формата на голманите, Борко Ристовски и Никола Митревски.

Шампионот на Мундијалот ќе обезбеди директен пласман на Олимписките игри во Токио 2020 година. Репрезентациите кои ќе се пласираат до седмото место, пак, ќе играат во квалификацискиот турнир за место на Летните Олимписки игри. Најдобрите ракометни имиња во светот ќе бидат во центарот на вниманието од денес, па се до 27 јануари, кога е закажано големото финале во Хернинг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во 2017 Заев: Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието . 2019 Македонија има план – на бегалците им нуди домување, образование, вработување.

Зоран Заев со нов план за живот, мигрантите се на пат, се чека само погоден момент?

Националната телевизија Алфа со прашање до владата: Дали последните препораки од американската...