Пробиена психолошка бариера постојано да се освојуваат четвртото, петтото, па и шестото место во групата

Објавил: Едмонд Бекири | 22 ноември, 2019 23:04

Македонија може и знае како да го победи Косово

Фото/Текст извор: ©принтскрин нова македонија

Освојувањето на третото место во квалификациската група за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година во фудбал е голем успех за Македонија, без дилеми.

Пробиена е таа психолошка бариера постојано да се освојуваат четвртото, петтото, па и шестото место во групата, што мислам дека позитивно ќе влијае на сите играчи и на атмосферата во тимот пред наредните натпревари. Честитки за добрите игри и за постигнувањата заслужуваат сите фудбалери, на чело со селекторот, Игор Ангеловски, вели Ѓоре Јовановски, поранешен селектор на Македонија, истакнат тренер на повеќе клубови и поранешен фудбалер на Вардар и на Црвена звезда.

Македонија имаше повеќе од солидна квалификациска кампања во групата со Полска, Австрија, Словенија, Израел и со Летонија, играше добро на повеќето натпревари, забележа четири победи (и четири порази) и впечатокот е дека недостигаа некои мали работи или финеси на решавачките натпревари, особено против фаворитите, Полска и Австрија.

» Дали можеше повеќе и подобро? Да, секогаш може повеќе и подобро, тоа го кажа и селекторот Ангеловски. Но треба да бидеме реални, тој мал чекор до успехот, како што се вели, често е огромен и не може да се направи. Проблемот на Македонија е малиот фонд на квалитетни играчи, изборот е стеснет, и ако некој од стандардните првотимци се повреди или е суспендиран, ете, мака, како пред последниот меч со Австрија. Полска и Австрија и некои други репрезентации немаат такви и слични проблеми, или полесно ги решаваат – вели Јовановски.

Квалификациите за ЕП 2020 за Македонија не се завршени. Во март в година претстои плејофот во Лигата на нациите (ЛН), против Косово дома.

» Македонија може да го победи Косово. Имаме квалитет и искуство за такво нешто. Мотиви нема да недостигаат, но ќе треба добро да се подготвиме, да се концентрираме на тој меч, и се надевам дека повредите ќе нѐ одминат. Потоа ќе може да се размислува за следниот противник – вели Јовановски.

Игрите на Македонија во квалификациите и третото место како успех го оценува и Кочо Димитровски, легендата на Вардар, фудбалерот со најмногу одиграни натпревари во клупската историја, 845.

» Ова е најдобар пласман на Македонија досега во квалификации за ЕП па и за СП, тоа е за почит и честитки за тоа заслужуваат сите фудбалери, како и селекторот Ангеловски со неговите помошници во стручниот штаб. Во репрезентација беше направен добар спој меѓу поискусните на чело со капитенот Горан Пандев и помладите, како Елиф Елмас, Енис Барди, Бобан Николов, кои играат сѐ позрело и полека стануваат главни играчи. Но сега на Македонија ѝ претстои нов тежок испит во плејофот, мечот против Косово. Мислам дека најмногу ќе зависи од нас како ќе се одвиваат работите. Противникот никако не смее да се потцени, ниту, пак, да се прецени – вели Димитровски.

Извор. НОВА МАКЕДОНИЈА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Во текот на кариерата, Донезете играше за солиден број на клубови, а најголем успех оствари со Сао Паоло во 2005 година кога стана светски шампион, кога го победија Ливерпул со 1;0.

ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР: Продадов златен медал за да купам – кокаин!

Шокантна исповед на поранешниот бразилски фудбалер Флавио Донизете се појави во јавноста,...

Освоивме 3 титули во ПМФЛ и успеавме да се пласираме во Лига Европа во 2017 година , пласман кој ќе остане запаметен во спортската историја на државата

САМСОНЕНКО ОФИЦИЈАЛНО СЕ ЗБОГУВА ОД ВАРДАР: Го оставам клубот на Град Скопје- Ви благодарам за се!

Сергеј Самсоненко преку соопштение на интернет страницата на ФК Вардар, објави дека...

Ако се земе предвид дека Гатузо заработува 125.000 евра месечно и невозможно е да се знае кога ќе заврши сезоната поради коронавирусот, јасно е дека тој се откажал од вистинско богатство.

Гатузо ја расплака Италија- се откажа од богатство за да не им се намали платата на вработените во клубот!

Џенаро Гатузо, тренер на Наполи и легенда на италијанскиот фудбал, ја воодушеви својата...

Администрацијата на Тотенхем, чиј стадион е еден од најмодерните во светот, разговараше со официјалните лица за употребата на стадионот.

ПОТЕГ ЗА ПРИМЕР: Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените работници за борба против Коронавирусот!

Фудбалскиот клуб Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените власти да помогнат...