Спорт
Фудбал
Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден чекор до мундијалот во Катар.
Фудбалерите се спортистите кои во последниот период ја радуваат нацијата, а вчера вечер ја фрлија во транс цела Македонија.
Селекторот Благоја Милевски ја забележа најголемата победа како кормилар на сениорскиот тим откако Македонија славеше на гости кај Италија (0-1) и продолжи во финалето во битката за СП 2022 во Катар.
Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!
Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!
Честитки за големата победа на Македонија кај Италија(0-1) доаѓаат од сите страни, а меѓу нив е и онаа на највисокиот државен функционер, претседателот на земјата, Стево Пендаровски.
Пендаровски често можеме да го видиме на фудбалските натпревари кои ги игра Македонија, а сега реши да се пошегува на социјалната мрежа „Твитер“. Првиот човек на државата објави фотографија од радоста на Македонија и заедно со неа напиша„Подготви се Кристијано, ти си следен!“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Фудбал
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.