
Спорт
Фудбал
Фудбалерите избрани од селекторот Ангеловски последните пет дена од подготовките ќе ги поминат во Букурешт каде што ќе ги одиграат и првите два натпревари од континенталниот шампионат.
Заев денеска се појави на скопскиот аеродром и со срдечни прегратки ги испрати нашите фудбалери на ова големо натпреварување. Пред да се качат во авионот, тие направија групна фотографија и полетаа кон романската престолнина!
Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини упатија искрена благодарност до Владата и Премиерот, Зоран Заев за убавите зборови на поддршка за македонската репрезентација пред заминувањето за Романија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.