
Спорт
Свет
Македонецот Александар Волкановски е новиот светски шампион во полесна категорија, откако УФЦ 245 го победи еден од најголемите во ова светско натпреварување, Макс Холовеј.
Македонсиот шампион Алекс Волкановски го оствари најголемиот успех во својата ММА кариера, откако утринава стана нов шампион во перолесна категорија на UFC 245 настанот одржан во Лас Вегас, објави Дерби.мк.

Волкановски успеа да го победи Макс Холовеј на поени (48:47/48:47/50:45), со што не му дозволи на силниот противник третпат да ја одбрани титулата во оваа УФЦ категорија.
За Волкановски ова е осма победа од исто толку настапи во најеминентното УФЦ натпреварување, додека Холовеј го доживеа само вториот пораз од 2013 година.
Австралиецот со македонско потекло е само четврти шампион во перолесна категорија во УФЦ историјата, а досега во ваква позиција беа и Хозе Алдо, Конор МекГрегор и Холовеј кој ја одржуваше титулата од 2016 година
Волкановски е роден во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од македонското село Беранци. Пред многу години тој се преселил во Австралија.
http://https://www.youtube.com/watch?v=bjtE0k1dyeE&feature=emb_title
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.