Од нив фалсификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат од Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и на друг вид пијалаци.

Објавил: Сара Фемина | 19 септември, 2019 19:08

Македонија на ТОП ВРВОТ за фалсификувани пијалоци на ЕУ пазарот !

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопшти денеска Европската комисија, царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалсификувани и опасни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2008 година.

Од нив фалсификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат од Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и на друг вид пијалаци.

Од Босна и Херцеговина највеќе пристигнуваат лажни пакувања, од Индија фалш информатички опреми, а од Камбоџа фалсификувани цигари.
Кинеските производи кои пристигнуваат на европскиот пазар и натаму најмногу ги прекршуваат европските правила на интелектуална сопственост, прецизира Европската Комисија.

Зголемен е бројот на фалсификувани мобилни телефони, тонери, и други производи од Хонг Конг.

Најчесто задржувани предмети на европските граници биле производите за домашна нега како лекови, играчки, и електрични направи во износ од 37 отсто, потоа цигарите со 15 отсто.

Од 57.433 во 2017 година, бројката на задржани производи на царина е зголемена на 69.354 во 2018 година.
Вкупно околу 27 милиони предмети го прекршувале правото на интелектуална сопственост.

– Царинските службеници ширум ЕУ успешно следеа и задржаа фалсификувани производи кои се често опасни за потрошувачите, нивната работа е дотолку потешка што расте бројот на мали пакувања кои влегуваат во ЕУ преку онлајн продажба, изјави Пјер Московиси, еврокомесарот задолжен за економија, финансии и царина.

МИА агенција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...