Македонија со две победи на воведните два натпревари го отвори новото натпреварување на УЕФА

Објавил: Данаил Михајловски | 3 октомври, 2018 16:00

Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонската фудбалска репрезентација на 13 октомври на Националната арена „Филип Втори“ е домаќин на Лихтенштајн, а три дена подоцна гостува во Ереван против Ерменија во третата и четвртата рунда од Лигата на нации.

Македонија со две победи на воведните два натпревари го отвори новото натпреварување на УЕФА, преку кое ќе се обиде за прв пат во својата историја да обезбеди пласман на Европско првенство.

– На 13 октомври се навршуваат 25 години од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија, пријателскиот меч со Словенија (4:1) во Крањ. По тој повод ФФМ на мечот со Лихтенштајн ќе ги покани сите фудбалери што настапија на тој меч, предводени од Дарко Панчев, како и стручниот штаб, на чело со селекторот Андон Дончевски, кој допатува од Австралија. Тие пред натпреварот треба да продефилираат пред публиката на арената „Филип Втори“ и ќе добијат пригодни подароци во знак на сеќавање на историскиот натпревар, објави ФФМ на официјалната веб страница.

Билетите за натпреварот се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „MKTickets“ по цена од 100 денари за Јужна трибина и 150 денари за Северната трибина.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Реконструкцијата и изградбата на стадионот во Битола е започната, во Прилеп е во почетна фаза, па со оваа одлука објектите само ќе останат на забот на времето да се уништат

Скопски Чаир со нов стадион, Битола и Прилеп ќе почекаат

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и програмата за развој, официјално...