
Македонија
Вести
Противпожарните екипи на Македонски шуми не можат да наполнат горива во возилата за гаснење пожари поради блокираната сметка на претпријатието, информираше денеска на прес конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Македонија во моментов не е спремна да се справи со гаснењето на шумските пожари. Имаме три ер трактори, но само еден пилот. Ако избие пожар во шума, не може да се надеваме ниту на пожарникарите од ЈП Национални шуми, кои први треба да интервенираат на терен, оти претпријатието немало пари за гориво. Па така, пожарите од воздух ќе се гаснат само со трите хеликоптери на полицијата, и во нужни ситуации може да се користи и оној на одбраната.
Директорот на ЦУК се надева дека новата Влада, ќе излезе во пресрет, па ќе донесе одлука за хонорарен ангажман на двајцата пензионирани пилоти на ер тракторите. Ангелов очекува и на првата седница да се одблокира сметката и на претријатието Национални шуми.
„До овој момент, не се функционални ‘ер тракторите’ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), бидејќи двајца пилоти се во пензија, а Дирекцијата не смее да лета со еден пилот. И покрај напорите на директорот, овој проблем веќе 2-3 месеци не е надминат, Владата во заминување на ниту една седница не даде дозвола овие двајца пензионирани пилоти да бидат ангажирани со договор на дело. Верувам дека новата Влада на една од првите седници ќе најде решение за овој проблем“,- Стојанче Ангелов- директор на ЦУК.
Пожарите не не штедеа уште од почетокот на годината. Со високите температури, се очекува дека најтешкото допрва доаѓа. Недостасуваат околу 600 пожарникари во државата, а најкритично е во бригадата во Скопје. Во одредени градови, властите предупредуваат дека пожарникарите немаат ниту основна заштитна опрема.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.