Следен важен чекор во зацврстувањето на државата е усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.

Објавил: Мате Парлоф | 8 септември, 2022 5:30

Македонија одбележува 31 година независност и сувереност

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Прославата на 31-годишнина ќе биде во текот на целиот ден, на повеќе локации и е под мотото „Обединети во слободата“

Република Северна Македонија денеска одбележува 31 година од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Над 95 отсто од граѓаните што излегле на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговориле на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвоил на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на граѓаните за самостојна држава е потврдена со Декларацијата за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 година во Собранието на Република Македонија.  

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата е усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.

Меѓународно-­правниот субјективитет на државата е потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија е примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Тогаш поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа уставното име, зачленувањето во ОН е под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија.

Денес, Република Северна Македонија е држава членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот, НАТО.

Централната свечена прослава, со која ќе се прослави сувереноста, независноста и самостојноста на нашата држава и македонскиот народ ќе се одржи денес во 19:30 часот на платото кај паркот „Ибни Пајко“ и ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија.

Во рамки на централната прослава, на која ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се планирани изведби и музички солистички нумери од познати пејачи и групи, како и атрактивно шоу на диск-џокеј. 

Одбележувањето на 31-годишнината од независноста под мотото „Обединети во слободата“, ќе почне во 8:45 часот, кога премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација ќе оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“.

Од 10 часот премиерот Ковачевски ќе присуствува на свечената церемонија на доделување ордени од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски во вилата на Водно.

Од 11 до 14 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, како и тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи.

Исто така, од 11 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата држава.

Сите заинтересирани граѓани, ќе имаат можност до 20 часот бесплатно да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија, а граѓаните на во Битола имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука, како и Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево.

Во Скопје, ќе бидат отворени, со бесплатен влез за сите заинтересирани граѓани Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, како и Даут пашиниот амам и Чифте амамот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Покрај за субвенциониран оброк студентите бараа и подобри услови во студентските домови, а министерот Шаќири по завршувањето на средбата изјави дека онаму каде состојбата е алармантна ќе се интервенира во најбрз можен рок, додека етапно ќе се работи и на подобрување на условите во сите студентски домови.

Студентскиот субвенциониран оброк ќе продолжи да функционира по старите критериуми

Студентскиот субвенциониран оброк ќе продолжи да функционира по старите критериуми,...

-Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, која е константа на борбата на македонскиот народ за слобода и независност на Македонија.
Ако во една реченица треба да се

Мицкоски: 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае, честит празник Македонијо

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со фејсбук објава го честите...