Македонија оди напред, во јули собрани рекорден број приходи од Управата за јавни приходи и Церинската управа, парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Царинската управа во месец јули наплатила речеси 12 милијарди денари приходи, а УЈП над 13.4 милијарди.
Наплатата и од УЈП и од Царина е рекордна. Парите кои до сега се краделе, сега наместо во приватни џебови завршуваат во државната каса.
Со одговорно и домаќинско работење може да се закрпат дупките во буџетот, а потоа и да се тргне засилено напред.
ФОТО: Цигари, патики, штрафилици – Еве што се’ запленија цариниците викендов
Од само еден месец работа под ВМРО-ДПМНЕ на органите кои ги собираат државните приходи се гледа разликата, а таа допрва ќе биде повоочлива, се вели во соопштението на партијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.