СМК смета дека Македонија треба веднаш и безрезервно да ги прекине разговорите со Бугарија по овие прашања, како што СДСМ го бојкотираше референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа одржан на 7 ноември 2004 година, со слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор!

Објавил: Перо Милчин | 20 ноември, 2020 6:06

Македонија од држава ќе се претвори во територија без народ и историја, чии администратори ќе бидат Атина и Софија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС! ОСУДА НА БУГАРСКОТО ВЕТО ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА!

Светскиот Македонски Конгрес ја осудува злоупотребата на бугарското вето на “Преговарачката рамка“ за почеток на пристапните преговори и одржувањето на Меѓувладината конференција на Македонија со Европската Унија, доколку Македонија не ги прифати ултимативните барања врз основа на антиисториски и антимакедонски позиции на Софија:

(1) промена на македонската историја според бугарските територијални претензии за Голема Сан Стефанска Бугарија од 1878 година;

(2) Македонците се Бугари;

(3) Македонскиот јазик е дијалект односно “западна книжевна норма“ на бугарскиот јазик;

(4) македонската историја до 1944 година е бугарска историја;

(5) нема бугарска фашистичка окупација врз Македонија во Втората светска војна;

и (6) не постои македонско национално малцинство во Бугарија!

СМК смета дека Македонија треба веднаш и безрезервно да ги прекине разговорите со Бугарија по овие прашања, како што СДСМ го бојкотираше референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа одржан на 7 ноември 2004 година, со слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор!

“ Не постои можност за договор, ниту пак за разговор по прашањата со кои Софија ја доведува државата Македонија и Македонскиот народ во понижувачка и потчинета положба преку фалсификување на историјата и вистината!

Правото на самоопределување и самоидентификација на еден народ не значи само етногенеза и држава од определен датум по волја на другите, туку право на сопствено име, јазик, култура, историја и територија во континуитет! Македонците не ја возобновиле својата државност во бројните буни, востанија и револуции, за да некој во нивно име денес прифати: Се самоопределивте како Македонци во 1944 година, а до тогаш бевте Бугари! Тоа апсолутно е неприфатливо, непристојно и навредливо!

СМК го осудува лицемерието на Софија за согласноста за “Преговарачката рамка“ за почеток на пристапните преговори за членство на Албанија во Европската Унија, откако поради ултимативните барања со закана од вето, Софија изнуди Тирана во Законот за заштита на националните малцинства да го впише непостоечкото “бугарско малцинство“ наместо Македонците во Албанија, со барање за воведување и на “бугарски наставен јазик“ за Македонците во Албанија!

СМК ја осудува Владата на Македонија заради апстиненција од било каков демарш на обидите на Софија за денационализација на Македонците во Албанија!

СМК потврдува дека не постои омраза меѓу Македонскиот народ и Бугарскиот народ, затоа што основа на бугарскиот демос како современа политичка нација со своја културна идентификација е и македонскиот етнос! Инцидентни случаи кои се осудуваат не се темелна вредност на Македонците кон Бугарите!

СМК ги повикува партиите на власт и во опозиција да ја почитуваат волјата на Македонскиот народ, на мнозинството избирачи на референдумот одржан на 8 септември 1991 година и референдумот одржан на 30 септември 2018 година!

СМК потсетува, дека Македонците по род и државјанство, речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите!

СМК потсетува дека Македонците по род и државјанство, речиси 2/3 од вкупниот број запишани избирачи НЕ ГЛАСАА на референдумот одржан на 30 септември 2018 година за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, НЕ ГЛАСАА за прифаќање на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

СМК укажува дека и владиното мнозинство и парламентарната опозиција сносат историска одговорност пред судот на историјата, правдата и народот, затоа што ја втурнаа државата Македонија и Македонскиот народ, како и македонските државјани, спротивно на одлуките на референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година, во авантура со која ја доведоа Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема Бугарија и Грција, што претставува кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години!

СМК потсетува дека Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година се ништовни според домашното и меѓународното право, затоа што претставуваат обид Македонија од држава да се претвори во територија без народ и историја, чии администратори ќе бидат Атина и Софија! Ова што Атина и Софија го прават врз Македонија и Македонскиот народ, поради сервилноста и велепредавството на марионетската Влада во Македонија, претставува геноцид и злосторство против човештвото!

Независно од историските хипотеки од Првата и Втората Балканска војна, и Првата и Втората светска војна, и иако сме единствена држава во светот со името Македонија, Македонците декларираат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е и македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации! Не постои монопол врз историјата, науката и вистината и затоа неприфатлив е софискиот ултиматум за читање на историјата на Македонскиот полуостров според бугарскиот хегемонизам со повампирување на руската креација Голема Бугарија врз основа на Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година, целосно ревидиран на Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година со проекција за автономна Македонија во етно-историските граници што беше повод за Балканските војни 1912-1913 година меѓу Србија, Бугарија и Грција од една страна против Отоманската Империја од друга страна, со цел спречување на реализацијата на членот 10 од Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година!

И покрај се’ и после се’, СМК предлага македонско-бугарско историско помирување со извинување за сите историски и општествени неправди и ѕверства на Софија врз Македонскиот народ и Македонија, и склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи, наместо асиметричниот Договор Заев-Борисов од 1 август 2017 година со чие погрешно читање Владата во Софија флагрантно го крши!

СМК отфрла ревизија на македонската историја и бара веднаш и безусловно распуштање на меѓувладината комисија за нова политичка историја на Македонскиот народ и на Македонија!

СМК бара веднаш и безусловно раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година кој поттикнува територијални претензии на Софија кон Македонците и Македонија!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името на Македонскиот народ, јазик, култура и историја, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, односно Македонската нација!

Никогаш северна, само Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Во минатите колумни, таксативно ги наведував сите услови и процедури кои беа прескокнати при носењето во стечај на Еуростандард банка. Накратко ќе ги повторам.

КОСТОВСКИ: Народна банка ја ликвидира Еуростандард банка, од причини само за нив познати

Случајот со стечајот на Еуростандард банка, е парадигматичен за целокупната слика...

Ако е предизборен период, тогаш нема логика во овој момент, со оваа политичка гарнитура воопшто да се преговара

Невкусно и лигаво е кога македонските претставници во преговарачкиот процес со Бугарија ги правдаат навредите

Невкусно и лигаво е кога македонските претставници во преговарачкиот процес со Бугарија...

Ејјј години се маршираше по улици против владеењето и против големиот криминалец Грујо, за да биде толку лесно да се голтне и прифати паролата "ќе го вратиме дома да си ја одлежи казната".

Ременски: Македонското аномично општество ги појави своите знаци

Полека но, сигурно Диркемовото (македонско) аномично општество ги појави своите знаци....