Ова според експертите е поради неинвестирање во овој сектор што е една од причините за прекин на единствената меѓународна линија. Инаку веќе е познато дека железничките претпријатија тонат во долгови. Според листата што ја изготвува Министерството за финансии, објавена во февруари, Транспорт има неплатени сметки од 45 милиони евра, а во наредните две години за плаќање ќе сигнат уште 12 милиони. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2019 10:50

Македонија остана без меѓународна железничка линија- по 146 години се затвора линијата Белград – Скопје – Солун

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска по цели 146 години Македонија ќе ја укине редовната линија Белград – Скопје – Солун, по што останува без меѓународна железничка линија. 

Ова според експертите е поради неинвестирање во овој сектор што е една од причините за прекин на единствената меѓународна линија. Инаку веќе е познато дека железничките претпријатија тонат во долгови. Според листата што ја изготвува Министерството за финансии, објавена во февруари, Транспорт има неплатени сметки од 45 милиони евра, а во наредните две години за плаќање ќе сигнат уште 12 милиони. 

Реакција на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ

На ваквата одлука за затворање на единствената меѓународна линија реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ , велејќи дека Македонија стана железнички изолирана земја.

– По 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград – Скопје – Солун. На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување. Но од тогаш до денес, наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Денес 19.09.2019, после 146 години укинат е единствениот меѓународен патнички воз кој сообраќаше на релација Белград-Скопје-Солун и обратно.Еве помина повеќе од 1 година како “времено“ е укинат и единствениот брз воз кој сообраќаше на релација Скопје-Битола и обратно. Тоа беше популарниот воз “Пелагонија“ кој најмногу го користеа патниците од Пелагонискиот дел на Македонија. стои во соопштението на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести