За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10-дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена, информира Министерството за надворешни работи.

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 јануари, 2022 8:54

Македонија повторно се најде на германската листа на ризични земји

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заради ситуацијата со пандемијата на ковид-19, Германија ја врати Македонија на листата на ризични земји и со најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележан ковид или негативен ПЦР тест.

За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10-дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19.

Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена, информира Министерството за надворешни работи.

Со нов Ковид-протокол и Република Финска. Сите лица, вклучувајќи и наши државјани, кои не можат да се вакцинираат против Ковид 19 од медицински причини, можат да влезат во Финска доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен Ковид 19 тест, не постар од 48 часа. За сите останати (освен оние со регулиран престој) кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од Ковид 19 (во изминатите шест месеци) заедно со негативен тест за Ковид (не постар од 48 часа), соопштува МНР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Растечката инфлација е глобална и достигна рекордно високо ниво од почетокот на 21 век. Ова предупредување го упати еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон во интервју за францускиот информативен канал LCI.

„За прв пат од почетокот на векот, гледаме толку високо ниво на инфлација. Тоа е глобален феномен кој е посилен во САД отколку во Европа“, рече тој.

Според него, последен пат ваква инфлација имало пред четириесет години, во 80-тите години на минатиот век. Еврокомесарот истакна дека инфлацијата почна да се забрзува уште пред конфликтот во Украина.

„Пандемијата на коронавирус, забрзувањето на економското закрепнување, цените на енергијата, суровините и ретките метали – како резултат на овие фактори, трендот на инфлација беше силен дури и пред украинскиот конфликт“, рече Бретон.

„Инфлацијата е особено распространета во САД и е многу тешко да се контролира“, рече тој. „Еден начин да се ограничи е да се зголемат банкарските каматни стапки, а овој процес веќе се случува во САД“, рече Бретон.

Според францускиот портал „Статиста“, просечната годишна стапка на инфлација во светот веќе изнесува 7,4%. Но, во некои земји, стапката на инфлација може да биде значително повисока поради локални фактори. Според „Статиста“, вкупната стапка на инфлација во речиси 80 земји може да се движи од 5 до 10 отсто во текот на годината.

Рекордна инфлација во светот од почетокот на векот

Растечката инфлација е глобална и достигна рекордно високо ниво од почетокот на 21...

Обединетите Нации (ОН) предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“.

Светот има залихи на пченица само за уште 10 недели

Светот има залихи на пченица за уште само 10 недели, што е последица на руската инвазија...

Случаите се регистрирани во вкупно 12 држави. Првиот случај е потврден во Англија на 7 мај, а во последните две недели е раширен и во останатите 12 земји.

СЗО: Потврдени 80 случаи на мајмунски сипаници во светот, еве во кои земји се регистрирани

Светската здравствена организација потврди дека со вирусот на мајмунски сипаници,...

Говорејќи на самитот за храна во Њујорк, Гутереш апелираше до Русија да ја укине блокадата на Црното Море, која ги спречува испораките на украинско жито на прекуокеанските пазари.

Кризата со храна може да трае со години, вели шефот на ОН

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш предупреди дека недостигот...