Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град, се наведува во временската прогноза од УХМР.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јуни, 2019 18:50

МАКЕДОНИЈА ПОТОПЕНА ОД ДОЖД- Измерени рекорден број на врнежи!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Подрачјето на Струмица и Берово денеска беа зафатени од нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и појава на град.

Денеска нестабилната облачна маса се движеше кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци. Нестабилно беше во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во западниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исто така нестабилна воздушна маса со поголеми размери ја зафати околината на Битола, а нешто помала и Кичевско. Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град, наведуваат од УХМР.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Атмосферата многу ќе се дестабилизира па така од денес па во следниот период во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Температурите на воздухо ќе бележат тенденција на мал пад што значи и понатаму ќе продолжат летните температури на воздухот па токму поради тоа и условите за невреме ќе бидат многу големи, односно индексот на нестабилност ќе биде многу висок и ќе изнесува дури и над 1500 J/KG.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Локално има услови процесите да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, СИЛЕН, до ОЛУЕН ветер, силен електрични празнења и со појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ: ПО ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ДОАЃА НЕВРЕМЕ

Екстремно топлото време ќе се задржи уште утре кога максималните дневни температури...

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека повремено и локално ветерот ќе го менува својот правец во северозападен.

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОСВЕЖУВАЊЕТО ПОЛЕКА ДОАЃА, ВО ПЕТОК ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА 5 ДО 8 СТЕПЕНИ

До четврток продолжува ЕКСТРЕМНО ТОПЛОТО време со натпросечни температури кој ќе...

Времето постојано ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува на интензитет.

МАКЕДОНИЈА ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: НАЈТОПЛО И ДО 45°C ВО ПОНЕДЕЛНИК

Македонија поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури на воздухот се наоѓа во ПОРТОКАЛОВА...