Хрватите нѐ надиграа во философијата „7 на 6“ со поконкретен и посигурен напад, со помалку осцилаци во играта и со извонреден голман.

Објавил: Македонка Димкин | 14 јануари, 2019 19:53

Македонија „прегазена но не и уништена„ од Хрватска!

Фото/Текст извор: ©Sport1.mk / Magazin

Хрватите нѐ надиграа во филозофијата „7 на 6“ со поконкретен и посигурен напад, со помалку осцилаци во играта и со извонреден голман. Македонија неколку пати беше блиску, но никогаш во можност да ја загрози Хрватска.

Во првото полувреме бевме рамноправни десетина минути, кога беше 4-4, а потоа Лино почна да користи 7 на 6 во напад и Хрватите направија прво серија од 3-0, а потоа и 4-0, за да дојдат до највисоки 13-7 во 24. минута. Голем удел во ова имаше Марин Шего на нивниот гол, кој запре седум македонски напади. Проблем беше нашиот напад, кој не беше така течен и тешко продуцираше играч вишок.

И во првиот дел и во целиот меч се инсистираше игра на крило и на пивот, а Хрватите како да беа подготвени за тоа, особено Шего кој фати многу топки од таа позиција. Меѓу елементите кои недостасуваа, можеби беа и обиди од девет метри, од Кузмановски, Талески, Филип Лазаров, кој на пример не шутна ниту еднаш.

Во второто полувреме Македонија одигра подобро, со поцврста одбрана 5-1 во која Мартин Поповски беше истурен напред. Имавме добар период некаде до 45. минута кога држевме минус три, но потоа тотално загубивме чекор.

Дејан Манасков со шест гола беше најефикасен, четири даде Кире Лазаров, по три Талески, Кузмановски и Пешевски. Во спротивниот табор Дувњак беше локомотивата со шест гола, по четири имаа Мандиќ и Шипиќ. Шего блескаше со 12 интервенции, од нив голем процент зицери. Борко одговори со девет, шест во вториот дел.

[yop_poll id="3"]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.