Дали и Македонците ќе ја имаат оваа можност?

Објавил: Калина Мартинска | 23 март, 2025 11:18

Македонија преговара за воведување еден таг со Грција

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонија преговара за воведување еден таг за поминување на возилата на патарините и во нашата земја и во Грција.

Со воведувањето на заеднички таг наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини и во двете земји, но дали ќе се примени до почетокот на летната сезона е сè уште неизвесно со оглед на тоа дека се потребни усогласувања на системите за наплата и потоа треба да следи период на тестирања за да стане функционален.

Возилата од нашата земја имаат позитивни искуства од примената на системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во Србија, како и обратно. Србија моментално има 900.000 регистрирани корисници за електронска наплата, а уредот го користат околу 105.000 корисници, од кои околу две третини или 75.000 се за наплата меѓу Србија и Македонија, а останатите за наплата меѓу Црна Гора и Србија.

Директорот на Секторот за наплата на патарините при Јавното претпријатие „Путеви Србије“, Дарко Савиќ очекува до почетокот на летната сезона да профункционираат електронските уреди за наплата – таг, со Грција, а до крајот на оваа година со Хрватска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан