Министерот за здравство, и сите надлежни институции мака мачат секојдневно со воведување на нови мерки, за да се справат со настанатата ситуација предизвикана од корона вирусот. Но по се изгледа тоа нема да ги даде очекуваните резултати ако не се прогласи вонредна ситуација во земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2020 10:38

Македонија пред вонредна состојба- ние сме единствени во регионот кои се уште се справуваме со мерки со препорака!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И покрај сите усилби на здравствените власти да се справат со настанатата ситуација предизвикана од корона вирусот, тоа нема да ги даде очекуваните резултати ако не се прогласи вонредна ситуација во земјата, објави Слободен печат.

Македонија е единствената земја во регионот која се справува со помош на мерки против коронавирусот додека сите останати држави Србија, Косово, Албанија, Бугарија и други држави прогласија вонредна состојба. Поголемиот дел од мерките се со препораки, а еден мал но значаен дел од граѓаните не ги почитуваат, што е доволно за брзо проширување на вирусот.

Министерот за здравство, и сите надлежни институции мака мачат секојдневно со воведување на нови мерки, за да се справат со настанатата ситуација предизвикана од корона вирусот. Но по се изгледа тоа нема да ги даде очекуваните резултати ако не се прогласи вонредна ситуација во земјата.
На состанокот на Советот за безбедност биле отворени можностите да се оди со прогласување кризна или вонредна сосотјба, сепак претседателот Пендаровски не се согласил да го стори тоа со оправдување дека мерките кои се на сила се всушност како да сме во кризна ситуација.

Пендаровски вели дека за вонредната состојба, може да се разговара, за справување со економската ситуација, бидејќи во тој случај Владата може да владее преку уредби со законска сила, а не за носење мерки кои ќе го спречат ширењето на вирусот.

-Луѓето кои тоа го применуваат на терен, велат дајте ни правен основ, бидејќи ние во моментов објективно во некои делови ги редуцираме човековите слободни и права, а тоа не е возможно освен ако немате воена или вонредна состојба. Никој не сака утре да одговара. Во тој дел вонредната состојба дава правна сигурност, потенцира Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оставена на милост и немилост Виолета вели дека мора да се снаоѓа сама, и да функционира без лекот кој и е неопходен. Вели и покрај тоа што министерот за здравство вели дека нема недостиг на лекови во државата, и дека се спремни за моменталната ситуација со Коронавирусот, сепак таа во секоја аптека го добива истиот одговор: Лекови нема!

РЕВОЛТИРАНА СКОПЈАНКА: Стравувам за својот живот, лековите кои ги користам ги нема во аптеките, сите залихи се на инфективно за лечење на пациентите заболени од Коронавирус!

Револтирана 65 годишна скопјанка која боледува од автоимуни заболувања за Магазин.мк...

Османи кој беше министер за здравство во периодот на пандемијата со свински грип истакна дека, по овој основ го советувал министерот Филипче. Османи кажа дека првата работа што му ја посочил на Филипче што сега треба да ја направат, како мала држава, е да се поврзат со големите држави, за во моментот кога ќе излезе вакцината, да може да ја купиме заедно.

Османи се сомнева во бројката на заболени од коронавирус: Сигурен сум дека бројот е поголем од 570!

Поранешниот министер за здравство и актуелен вицепремиер за европски прашања, Бујар...

Ова писмо е посветено на луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија која одзема животи. Го пишувам поради мојата желба, морална совест, но пред се обврска, како човек да упатам јавна багодарност до секој еден од вас кој се жртвува себе си, својот живот и судбината на своите семејства за да ги спасите нашите животи и животите на нашите семејства.

Мицкоски изрази благодарност до здравствените работници: Вашиот деноноќен труд спасува животи!

Претседателот на најголемата политичка партија во земјава ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски...