Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Објавил: Стојче Бушин | 27 мај, 2020 13:33

Македонија се враќа во нормала: Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.

– Скопје 11
– Куманово 4
– Тетово 1
– Велес 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 14
– Куманово 2
– Штип 4
– Прилеп 1
– Тетово 2
– Струга 1
– Велес 1

Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Продолжуваме со нови проекти за здравствените работници и инвестиции во подобро здравство!

ФИЛИПЧЕ: Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата

Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата....

„89-годишниот пациент од Битола беше хоспитализиран како веќе позитивен, дијагностициран преку ЦЈЗ, кога кај него се развија симптоми на бронхопневмонија!

Од коронавирус оздравеа петмина битолчани во деветтата деценија од животот

Од коронавирус оздравеа петмина битолчани во деветтата деценија од животот.  „89-годишниот...

Тие, како што веќе најавивме ќе добијат соодветна награда за нивната работа - зголемување на примањата. Тие се врвни професионалци и се еден од столбовите на нашиот здравствен систем.

ФИЛИПЧЕ: Вработените во брзата помош ќе добијат соодветна награда за нивната работа – зголемување на примањата

Сите вработени во брзата помош заслужуваат огромни пофалби за нивната макотрпна секојдневна...