Целиот медицински персонал, не само во јавните, туку и во приватните установи, ги мобилизираме и ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2020 15:06

МАКЕДОНИЈА СЕ КРЕНА НА НОЗЕ: Се мобилизира целиот медицински персонал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за состојбата со коронавирусот кажа дека во државата има 120 респиратори и во моментот има 18 позитивни на коронавирус, од кои шестмина од вчера.

Министерот за здравство Филипче рече дека има 7 лица кои се тестираат на коронавирус од Кичево, Куманово, Тетово, Штип, од Охрид и две родилки од Дебар, не се пред породување, но се донесени за да се направат тестови. 

Целиот медицински персонал од јавни и приватни установи се организирани за да работат во болниците. Ќе се координираат телефонски.
Назначен е шеф на кризниот штаб во баницата во Дебар , кој ќе тргне кон градот и ќе ја организира работата таму. Болницата во Козле ќе се опреми за да прими евентуално болни деца.

-Целиот медицински персонал, не само во јавните, туку и во приватните установи, ги мобилизираме и ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план за делување во установите каде што ќе биде потребно, рече Филипче, кој се заблагодари на приватните болници кои на располагање ги понудиле своите капацитети.

– Се одложуваат сите хронични пациенти, на кои може да се одложи интервенцијата. Се третираат само итните и малигни случаи каде што нема простор за одложување, изјави Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...