Македонската репрезентација утре има уште еден контролен натпревар

Објавил: Данаил Михајловски | 28 септември, 2018 19:48

Македонија со втора убедлива победа против Италија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонската женска ракометна репрезентација забележа нова убедлива победа над Италија од 29-21.

За разлика од синоќешниот меч во кој нашите ракометарки мораа со пресврт во вториот дел да стигнат до триумф, денеска Македонија одлично го започна мечот и неизвесно беше само до половината на првото полувреме, кога имаше егал.

До крајот на првите 30 минути избраничките на Симовски доминираа на теренот и стигнаа до убава предност од пет гола (17-12).

Македонија и во продолжението го диктираше темпото, предноста постојано растеше за на крајот да стигнеме до убедлив триумф од 29-21.

Во рамките на оваа ЕХФ недела, сениорктие утре ќе имаат уште еден натпревар и ќе одиграат контролка со младинската репрезентација. Средбата исто така се игра во Автокоманда од 16 часот.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Ракометарите на Вардар со голема победа го започнаа настапот во новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Европскиот првак од две сезони славеше на гостувањето кај актуелниот европски првак, Монпелје, со 24-27.

Покорен европскиот првак: Вардар славеше среде Монпелје!

Ракометарите на Вардар со голема победа го започнаа настапот во новата сезона...