Македонија
Вести
Македонија со Заев е убедливо на дното по странски инвестиции, од 2 до 4 и пол пати помалку од соседите. Македонија со неспособната власт на Заев е убедливо на дното по прилив на странски инвестиции во регионот и Европа во 2020 година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, заклучно со септември 2020 година, во Македонија има помалку странски директни инвестиции во споредба со Србија, Бугарија и со Албанија.
„На жител за 9 месеци минатата година во Македонија влегле 58 евра, во Бугарија речиси двојно, во Албанија и Србија 4 и пол пати повеќе.
Ова покажува каква неспособна и криминална власт ја води државата поради која странските инвеститори бегаат.
Не може да се вадат дека корона-кризата е причина за нивото на странски инвестиции бидејќи корона-криза имаа и соседните земји, а кај нив странските директни инвестиции се од два до 4 и пол пати повеќе на жител.
Главна причина за отсуство на инвестиции во една земја се корупцијата и криминалот на власта.
Поради криминалната власт, која секој ден се богати, народот осиромашува.
Поради криминалната власт, се задолживме за над милијарда евра нов долг за неколку месеци, а истовремено 54 илјади лица останаа без работа.
Со Заев Македонија стана најнесреќната, најсиромашна и најкорумпирана држава во Европа“, се вели во соопштението.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.