Ракомет

Објавил: Калина Мартинска | 21 јули, 2024 16:21

Македонија со победата над Франција заврши на 9-то место на младинското ракометно ЕП

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонската ракометна репрезентација до 20 години одигра уште еден храбар натпревар на Европското првенство во Словенија и славеше над Франција со 30-29, освојувајќи го на крајот деветтото место на турнирот.

Најефикасни во нашиот табор беа Дамјан Субашевски и Дамјан Митев со по шест погодоци, а зад нив беа Димитар Узунчев со пет гола и Мирче Калајџиески, кој постигна еден погодок помалку.

Оваа репрезентација навистина ветува многу за во иднина и прикажа дека Македонија има на што да се надева кога се работи за ракометот.

Загуби само еден натпревари и со сигурност заслужи подобар пласман од деветтото место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.