Одадена почит за жртвите во Кочани

Објавил: Калина Мартинска | 22 март, 2025 17:21

Македонија со убедлива победа над Лихтенштајн ги почна квалификациите за СП (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија со убедливи 3-0 го совлада Лихтенштајн во Вадуц и со триумф ги почна квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.

Македонските фудбалери беа голем фаворит на овој меч, а тој така и се одвиваше. Избраниците на Боби Милевски имаа апсолутна доминација во текот на сите 90 минути, дадоа три гола и си ја завршија работата.

Македонија поведе во седмата минута кога Миовски по левата страна го мина домашниот голман и упати центаршут, а Трајковски погоди со глава.

Во финишот на првиот дел дојдовме до нов гол по корнерот на Барди по кој одлично во казнениот простор се снајде стоперот Муслиу ко на атрактивен начин дојде зголемување на водството.

На три минути пред крајот на првиот дел Муслиу најдобро се снајде во шеснаесетникот на Лихтенштајн и погоди за предност од 2-0.

Во 59. минута македонските навивачи кои беа на трибините во Вадуц, станаа од своите столчиња и со скандирање „Кочани, Кочани…“ оддадоа почит за жртвите во големата трагедија која ја снајде Македонија.

Конечните 3-0 за Македонија беа поставени во 84. минута, тогаш Илиевски прекрасно асистираше до Миовски кој со чувство на голем голгетер реализираше и ја запечати победата.

Следниот предизвик за Македонија е веќе во вторник кога ја пречекуваме селекцијата на Велс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.