Македонија, Албанија и Србија потпишаа меморандум за заедничка битка против Ковид-19!
Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ во присуство на министрите за здравство одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на Ковид-19 криза.
Доколку некој граѓанин се затече во Србија или Албанија и треба таму да се лекува, државата каде се наоѓа ќе ги преземе трошоците за негово лекување таму.
Истото важи и за државјаните на Србија и Албанија ако се затекнат тука. Со тоа нема да треба граѓаните на трите земји да плаќаат за лекување од свој џеб“, рече премиерот Зоран Заев по потпишување на меморандумот.
Ова се моменти на солидарност, на трезвено размислување и на поткрепа која си ја даваме меѓусебно.
Денес со премиерите Брнабиќ и Рама, го потпишавме меморандумот за соработка помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија. Сакаме да го олесниме животот на нашите граѓани и да поставиме основи за економско закрепнување, рече Заев!
– Работиме на координација околу обезбедување на вакцина за КОВИД-19 за нашите граѓани;
✅ Меѓусебно ќе се поддржуваме доколку се случи преоптоварување на здравствените системи во нашите земји;
✅ Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските оператори со кои се ублажуваат последиците од КОВИД-19;
✅ Граѓаните ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР тест;
✅ Доколку еден граѓанин на некоја од земјите потписнички се затече на територијата на друга земја, и треба да се лекува во земјата во која е хоспитализиран, тогаш државата во која се лекува ќе ги преземе трошоците за тоа лекување.
Со потпишувањето на овој меморандум, го поставивме патот за уште посилна соработка помеѓу нашите пријателски земји.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.