Митревски делуваше фокусирано, а Никола Маркоски од контра напад го донесе нашето прво водство (11-10). Со двата гола на Пешевски првиот дел го завршивме во наша полза со 13-11.

Објавил: Перо Милчин | 16 јуни, 2019 19:58

МАКЕДОНИЈА ЈА ЗБРИША ГРЦИЈА и го освои првото место!

Фото/Текст извор: ©гол.мк

Македонската ракометна репрезентација ја оствари целта, ја совлада Грција во Струмица со 27-23 (13-11) и го освои првото место во групата 3 од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Успехот е извојуван со само еден пораз, со сменет селектор среде квалификации и на завршниот натпревар без повредените Стоилов и Кукоски.
Носени од одличниот Буковинас, Грците почнаа подобро и поведоа со 1-3, па и со 2-4 по седум минути игра.

Македонската ракометна репрезентација ја оствари целта, ја совлада Грција во Струмица со 27-23 (13-11)

Кузмановски најдобро почна во нападот од нашиот национален тим, а капитенот Лазаров намали на 3-4 со дијагонала во осмата минута.

Немавме течна игра во нападот, па по исклучувањето на Пападионизу, голови постигнаа Пешевски и Лазаров за 6-8 на половина полувреме.

Брестовац го внесе Митревски на местото на Ристовски, нашата игра стан поконзистентна и Талески и Маџовски реализираа за 8-9 во 20. минута. Долгата потрага по Грците донесе израмнување со голот на Пешевски од линијата (9-9).

Митревски делуваше фокусирано, а Никола Маркоски од контра напад го донесе нашето прво водство (11-10). Со двата гола на Пешевски првиот дел го завршивме во наша полза со 13-11.

Играта одбрана ни понуди лесни голови на Танкоски и Георгиевски за +4 на почетокот од второто полувреме. Лазаров реализира два седмерци, нашата игра доби на течност и на средина од второто полувреме резултатот гласеше 19-17.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Стартува приоритетната продажба на билетите за новата натпреварувачка сезона на двоjниот европски шампион. На повеќе од 45 денови од првиот домашен натпревар во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите во ЛШ, против Порто од Португалија продажбата на сезонските билети за сезоната 2019/2020, годинава ќе почне во среда, 7 август и ќе трае до 9 септември 2019.

Утре започнува продажбата на сезонски билети за мечевите на РК Вардар

Продажбата на сезонските билети и годинава ќе се реализираат во две фази, и тоа од...

Македонскиот репрезентативец ќе игра на позицијата на лево  крило а потпиша двегодишен договор со Р.К.Вардар и ќе му биде замена на Тимур Дибиров во новата сезона.

Ново засилување во Р.К Вардар- ова е замената за Дибиров

21 годишниот Димитар Димитриоски, e новиот ракометар кој ќе го облече дресот на црвено...