Следеше одлична одбрана и благодарение на реализациите на Стоилов и Маџовски во 14. минута се одлепивме на +4.

Објавил: Перо Милчин | 12 јуни, 2019 20:29

МАКЕДОНИЈА ЈА ЗБРИША ТУРЦИЈА И СЕ КВАЛИФИКУВА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонската ракометна репрезентација победи во Ескишехир против Турција со 25:26 (13:11) и се квалификува на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка наредната година.

Македонските репрезентативци вечерва одлично го почнаа натпреварот и преку капитенот Кире Лазаров и Кузмановски поведоа со 1:2. По три израмнувања, Гоце Георгиевски од позицијата на десно крило погоди за враќање на наша предност.

Некаде околу 24. минута Турските репрезентативци се наближија на 9:10 и Брестовац побара минута одмор. Македонија целосно го загуби ритамот и

Со оваа победа го заверивме пласманот на Европското првенство 2020 година, а со триумф над Грција во недела во Струмица наше ќе биде и првото место во групата кое ќе ни донесе подобра позиција во ждрепката. Фото: МКД.

Пеливан со својот шести гол во 27. минута ја врати предноста на Македонија(11:10). После играта и првото полувреме, Турција на одмор замина со +2.

Во почетокот на второто полувреме Митревски застана пред голот наместо Борко Ристовски. Нашата игра беше збркана,многу грешевме, а исто така се забележуваше нервозата кај нашите ракометари. Кире Лазаров со два гола, еден од игра и еден од седмерец, намали во натпреварот на 15:14 во 38. минута.

Потоа следеа голови на Маџовски и Талевски за 19:17 на половина од второто полувреме. Трпеливоста се исплати е и Кузмановски од позиција на пивотмен израмни на 12 минути до крајот (21:21).

Талески погоди за првото водство на Македонија во вториот дел, но Турците возвратија и крајот постана драматичен. Лазаров и Талески постигнаа вредни голови за +2 на две минути до крајот кога извојувавме победа од 25:26.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Стартува приоритетната продажба на билетите за новата натпреварувачка сезона на двоjниот европски шампион. На повеќе од 45 денови од првиот домашен натпревар во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите во ЛШ, против Порто од Португалија продажбата на сезонските билети за сезоната 2019/2020, годинава ќе почне во среда, 7 август и ќе трае до 9 септември 2019.

Утре започнува продажбата на сезонски билети за мечевите на РК Вардар

Продажбата на сезонските билети и годинава ќе се реализираат во две фази, и тоа од...

Македонскиот репрезентативец ќе игра на позицијата на лево  крило а потпиша двегодишен договор со Р.К.Вардар и ќе му биде замена на Тимур Дибиров во новата сезона.

Ново засилување во Р.К Вардар- ова е замената за Дибиров

21 годишниот Димитар Димитриоски, e новиот ракометар кој ќе го облече дресот на црвено...