Македонија
Вести
Македонија повторно е во игра за второто место.
Она што се чинеше како невозможно по поразот од Украина и по дебаклот од Англија сега е реалност. Синоќа Македонија против Малта одигра рутински, на резултат, колку што беше потребно и славеше со головите на Елмас и Манев. Со седум бодови, колку што имаат и Украина и Италија влегуваме во дуели со истите противници на гости.
Прво играме во октомври со Украина во Прага и од тој резултат ќе зависи дали шансите за второто место ќе останат. Да се потсетиме, во Скопје Украина не победи откако во првото полувреме ние водевме со 1:0, така што во Прага ќе мора да одиме на победа.
По мечот со Украина, ни следи натпреварот со Англија во Скопје која е убедливо прва во групата со 13 бодови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Фудбал
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.