Прва земја-домаќин на натпреварот од воведувањето на новиот начин на организација е Србија, при што годинава овој натпревар се одржа во Белград.

Објавил: Стојче Бушин | 21 септември, 2020 19:12

Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На Меѓународниот балкански вински фестивал, кој годинава се одржа во Софија, Бугарија, од 17 до 19 септември 2020, беше соопштено дека во 2021, Меѓународниот балкански вински натпревар ќе се организира во Скопје, со што нашата земја ќе биде домаќин на реномирани меѓународни вински судии и експерти кои ќе го вршат оценувањето на вината што учествуваат на натпреварот.

Балканскиот регион е на петто место во светот според производството на вино, веднаш зад најголемите земји-производители на вино: Италија, Франција, Шпанија и САД. На Меѓународниот балкански вински натпревар годинава учествуваа 100 винарници од балканските земји, кои ги претставија квалитетот и уникатноста на своите вина.

Чест и задоволство е за нас како здружение и како земја производител на врвно вино да бидеме домаќини на овој меѓународен вински натпревар следната година. Тоа е и во согласност со нашите активности за поинтензивно промовирање на Македонија како земја со долгогодишна традиција и квалитет во производството на вино. Одржувањето на еден ваков натпревар ќе придонесе да се потенцираат потенцијалите на македонското вино. Дополнително, здруженото градење на балкански вински бренд и соработката меѓу земјите во оваа сфера е од голема полза за градење на свесноста за вината од овој дел на Европа и освојувањето на странски пазари, а токму ваков натпревар е одличен инструмент за промоција на балканските вина“, изјави Елена Младеновска – Јеленковиќ, директор на здружението „Вина од Македонија“.

Меѓународниот балкански вински натпревар и фестивалтрадиционално се одржуваше во Софија, Бугарија, а од годинава беше воведен нов систем на организација на овој значаен вински настан, според кој натпреварот на вината од балканскиот регион секоја година ќе се одржува во различназемја, со цел да се прошири опсегот и да се вклучат сите земји производители на вино од Балканот.

Прва земја-домаќин на натпреварот од воведувањето на новиот начин на организација е Србија, при што годинава овој натпревар се одржа во Белград.

Македонските винарници постигнаа значителен успех на годинешниот Меѓународен балкански вински натпревар, освојувајќи речиси 50 медали, при што: „Tikveš и „TikvešChâteaux & Domaines“ освоија вкупно 16 медали, меѓу кои и специјална награда за најдобра автохтона црвена сорта, „Камник“ се закити со 10 медали, како и специјална награда за најдобро црвено вино од Македонија, „Стоби“ беше наградена со 10 медали, „Бовин“ освои 5 медали, „Шато Сопот“ доби 3 медали, „Ерос“ освои 3 медали, додека „Марков“ освои 1 медал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје.

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се...

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

ВО САБОТА БЕЛА НОЌ НА 10 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела...

Целта на конференцијата е да ја поттикне актуелноста на современата улога и значење на културниот туризам како една од функционалните мобилни форми за афирмација, заштита и промоција на културното наследство во Скопје и Скопско!

НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „КУЛТУРНИОТ ТУРИЗАМ ВО АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО“

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчера на /16.09.2020 година/,...