Македонскиот министер за здравство Венко Филипче рече дека земјата очекува критичен период во кој ќе бидат потребни болнички капацитети.

Објавил: Перо Милчин | 19 ноември, 2020 21:17

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА: Еве што значи таа мерка!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Советот за безбедност на Македонија и предложи на македонската влада да прогласи кризна состојба на целата територија на земјата.

Веста ја соопшти македонскиот претседател Стево Пендаровски по денешната седница на македонскиот Совет за безбедност.

Пендаровски истакна дека ова не е полициски час, туку дополнителни обврски што институциите ќе ги добијат во борбата против коронавирусот.

Соодветно на тоа, како што рече, државата ќе управува и со приватни клиники, но тоа не значи нивна национализација, туку управување со борбата против пандемијата.

Премиерот Зоран Заев, по седницата на Советот за безбедност, рече дека вечерва, а најдоцна до утре, постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија ќе трае 30 дена.

Македонскиот министер за здравство Венко Филипче рече дека земјата очекува критичен период во кој ќе бидат потребни болнички капацитети.

“Тоа се случува насекаде во регионот. Ние ја следиме ситуацијата во сите соседни земји, има огромен раст, и покрај фактот што некои земји имаат порестриктивни мерки од нашите”, рече Филипче.

Што значи кризна состојба?

Кризна состојба е состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребнаупотреба на поголем обем на ресурси.

Одлуката на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена.

Законот и овозможува на Владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите надржавната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случајна кризна состојба. Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да бидепропорционална според природата и интензитетот на кризната состојба, разумна според карактеротна кризата и сериозна според јачината и обемот на кризата.
Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи ислужби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, восогласност со закон.

По барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот или доброволно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица.

Законот предвидува дека со дел од своите сили може да учествува и Армијата во поддршка на полицијата во услови кога со кризната состојба е загрозена безбедноста на земјата, а органите надржавната управа немаат соодветни ресурси и средства за нејзина превенција и справување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...

Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ КАЗНУВА: Од денеска на сила новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата

Од денеска стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата...