Кочо Анѓушев го проширува бизнисот

Објавил: Узунов Бобан | 20 август, 2019 11:55

Македонија ќе финансира изградба на бугарска нуклеарна централа

Фото/Текст извор: ©магазин

ЕСМ е меѓу компаниите, кои пројавиле интерес за учество во проектот Белене, потврдија за МИА од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Владата доставила писмо за намери за учество во проектот Белене преку ЕСМ, а Анѓушев изминатиот период нагласуваше дека најбрзиот, наједноставниот и најевтиниот начин да обезбеди базна енергија на подолг рок е преку нуклеарната централа Белене во Бугарија и вклучување во нејзината изградба.

Бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова денеска на брифинг со новинари истакна дека 13 компании пројавиле интерес за учество во проектот.

Меѓу оние кои пројавија интерес е и ЕСМ на Северна Македонија за добивање на малцински дел и долгорочно купување на енергија, нагласи Петкова.

Анѓушев по објавувањето на повикот во Служебниот весник на ЕУ, што се случи на почетокот на јуни кажа дека бугарската страна објавила повик, во кој практично бара партнери на тој проект.

Ние како држава веројатно треба да го видиме нашиот интерес да учествуваме во таков објект, бидејќи со тек на време ние ќе ја губиме нашата базна енергија, немајќи јаглен, изјави тогаш Анѓушев.

Појаснувајќи дека базна енергија се произведува од јаглен, гас или гориво и оти други извори не постојат, вицепремиерот истакна дека, токму затоа пројавиле интерес за учество во Белене.Во повикот за Белене се наведува дека се бара заинтересиран стратешки инветитор за откуп на акции и за набавка на струја од централата. Понудите се доставуваа три месеци

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Од МВР потврдија дека на Бујар Османи ќе му биде поднесена прекршочна пријава поради кршење на Законот за патен сообраќај.

Османи заработи прекршочна пријава за зборување по телефон додека вози

Бујар Османи си заработи пријава за сторен сообраќаен прекршок по законот за безбедност...

Тој во моментов работи и во затворот во Идризово, а два пати во неделата доаѓа и во Истражниот затвор во Шутка.

Ова е затворскиот пензиониран психијатар кој ја лекува Катица Јанева во Шутка!

Затворскиот психијатар Мирко Треневски кој пред половина година замина во пензија,...

Таа пред своите колеги тогаш истакна 'Се може да пропадне само СЈО не'. Убедливо и решително се обрати тогаш Катица Јанева на своите колеги во изјава дадена пред целиот колектив пред околу 3 години.

ВИДЕО: Јавно ветување кое Катица Јанева не го исполни и ги извиси своите колеги

Разрешената обвинителка Катица Јанева која беше на врвот на СЈО, по се изгледа не си...