
Македонија
Економија
Македонија е на 28-то место во светот според извозот на вино а на 173-то според увозот објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика “World’s top exports”.
Минатата година од извозот на вино земјава реализирала 52.4 милиони долари што е 0,1 отсто од извозот во светски рамки.
Вредноста на македонскиот увоз пак лани достигнал 699.000 долари што е 0.002 процента од извозот во светот.
Според “World’s top exports” светски лидери во извозот на вино се Франција – Италија – Шпанија – Австралија и Чиле со реализирани од две до 10.3 милијарди долари а најголеми увозници се САД – Велика Британија – Германија – Кина и Канада со остварен увоз од 1.9 до 6.2 милијарди долари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.