Таа на социјалната мрежа Фесјбук ја сподели радосната вест.

Објавил: Весна Петровска | 16 јули, 2019 14:52

МАКЕДОНИЈО СЕКОЈА ЧЕСТ: За неполни 24 часа собрани 5.500 евра за младата Стаменка

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Уште еден доказ дека ние како држава сме многу хуман народ, за само неполни 24 часа се собраа 5.500 евра за операцијата на младата Стаменка.

Таа на социјалната мрежа Фесјбук ја сподели радосната вест.

– Пријателчиња драги, ги собравме потребните средства за мојата операција во рекордно брзо време. Па похумана нација не постои!!! Фала ви на сите до еден!!! И шернувајте го и овој статус за да знаат луѓето дека ја завршивме донацијата само за еден ден!!! Македонијо, живеј во овој ритам!

На Стаменка и е дијагностицирана коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена.

Но со операцијата ќе се стави крај на агонијата на оваа млада девојка која ќе може повторно да ужива во секој момент од животот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.