
Македонија
Вести
Софија може да биде убедена. Ова е ставот на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, за тоа дали Бугарија би прифатила уставните измени со одложено дејство како решение со кое Македонија би го продолжила пристапниот процес во ЕУ.
„Точно две децении во кои донесовме серија на крупни одлуки во која направивме болни компромиси во името на остварување на генерацискиот стремеж за членство во ЕУ. Крајно време е да продолжиме по европскиот пат. Подготвени сме за дијалог во добра волја, и изнаоѓање на рационални решенија“, рече тој:
„Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко“, наведе Муцунски додавајќи дека очекува конечен почеток на пристапните преговори и отворање на поглавјата оваа година.
Муцунски изјавата ја даде ден пред во Бугарија партијата ГЕРБ да го добие мандатот за формирање на политичка влада, со која, доколку се формира, македонската страна со задоволство, како што рече Муциунски, е подготвена да разговара за проблемот.
За тоа што идната влада во Бугарија би била составена од ГЕРБ чија претходна влада стои за Договорот за добрососедство, партијата Има таков народ кој во владата на Кирил Петков беше потврдото крило во односите кон Македонија, но и можниот нов министер за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, кој беше заменик-министер на поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева позната по своите ригинди ставови кон Македонија, за Муцунски се причина за претпазливост, но не и за страв.
Според Муцунски она што Македонија е подготвена да го стави на маса за да се постигне компромис со Софија е спроведувањето на уставните измени, но не е подготвена да прави компромиси по секоја цена, туку само доколку тоа создаде предвидливост во пристапниот процес на земјата. Едно од прашањата кои македонската влада сака да ги отвори во евентуални разговори со новата бугарска влада е и ревидирање на Протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.