
Македонија
Вести
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека Блерим Рамaдани, поранешен припадник на ОВК, е уапсен во Македонија, врз основа на налог за апсење издаден од Србија.
„Станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово“, соопшти Министерството за правда на Косово.
Министерството за надворешни работи соопшти дека со овој случај се занимава и амбасадорот на Косово во Македонија и дека косовските властите работат на брзо ослободување на Блерим Рамадани.
На апсењето на Рамадани реагираше и Организацијата на воени ветерани „Фабрикуваните обвиненија и апсењата на соборците и денеска по 25 години се неправедни и вознемирувачки за сите нас бранителите“ – се вели меѓу другото во реакцијата. Оваа организација ги повика институциите на Северна Македонија веднаш да го ослободат Блерим Рамадани.
Инаку, во Специјалниот суд за воени злосторства на Косово со седиште во Хаг, во тек се судења на командантите на ОВК обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура. Завчера поранешниот командант на ОВК Пјетер Шаља беше прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на 18 години затвор заради убиства сторени во 1999 година за време на борбата за независност на Косово.
Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.
Нашиот амбасадор воМакедонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.