Ракомет

Објавил: Калина Мартинска | 12 мај, 2024 22:12

Македонската ракометна репрезентација се пласираше на Светското првенство

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонската ракометна репрезентација со 34:26 ја победи селекцијата на Фарските Острови и се пласираше на Светското првенство во 2025 година, по натпреварот што на 12 мај се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

По првите 30 минути Македонија водеше со 19:15, во 37 минута ги имаше посакуваните плус седум разлика, а во неколку наврати водеше и со девет разлика.

Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Се истакнаа и Филип Кузмановски со седум, Марко Митев со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци.

Следната година ќе се одржи 29 Светско ракометно првенство, во Хрватска, Данска и Норвешка, во периодот од од 14 јануари од 2 февруари.

Македонската ракометна репрезентација ја победи Швајцарија и го заврши настапот на ЕП во ракомет

Македонската ракометна репрезентација ја победи Швајцарија со резултат 29:27 во третиот меч од групната фаза на Европското првенство (ЕП) во Берлин, Германија na 16-ти јануари оваа година.

Со овој триумф, Македонската ракометна репрезентација го освои третото место во групата кое има важност за да добие полесен противник во баражот за Светското првенство во ракомет.

Селекторот Кире Лазаров изјави дека е многу задоволен од победата.

„Не е лесно да се победи ривал како Швајцарија. Тие покажаа дека можат да играат со најдобрите во Европа. Имаат искусни играчи и ѕвезди, тоа го докажаа и против Франција. Моите играчи беа навистина одлични. Немавме толку технички грешки како во претходните натпревари. Оваа победа е многу важна за нас, завршивме третопласирани и ни носи релативно полесен ривал во баражот за следното Светско првенство“, рече Лазаров по натпреварот.

На полувремето, предноста за македонските ракометари беше 13:9.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.