Зоран Заев ја претвори државата во дувло на криминал, корупција, рекет, поткуп, закани, уцени и пресметки со политички неистомисленици.

Објавил: Валерија Петрова | 13 август, 2019 10:12

Македонската јавност е сведок на најголемиот скандал со рекетирање бизнисмени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Опозициската партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ вели дека со владејачката партија Македонија е изгубена земја. И дека цела македонска јавност е сведок на најголемиот скандал со рекетирање на бизнисмени.

– Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија е загубена држава.

Зоран Заев ја претвори државата во дувло на криминал, корупција, рекет, поткуп, закани, уцени и пресметки со политички неистомисленици.

Скоро еден месец македонската јавност е сведок на најголемиот скандал со рекетирање на бизнисмени, а Заев не презема никаква одговорност, туку го штити криминалот.

Четири недели нема проширување на истрагата, иако цела јавност слушна дека Заев бил информиран што прават Боки Тредичи, Зоки Милевски и Катица Јанева.

Никој не верува во приказната дека Боки Тредичи е толку моќен за да може да тропне на било која врата и да бара рекет од милиони евра, а претходно да не добие одобрение и поддршка од Зоран Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Јавно прашуваме до кога криминалната власт во коалиција со Русковска обвинителството ќе се обидуваат да ја замајуваат јавноста и да го прикриваат целиот случај?

Дали Русковска мисли дека со одолговлекување ќе успее да ги амнестира од одговорност за сторениот криминал, а со тоа ќе го спаси и Зоран Заев?

Дали се точни информациите од страна на медиумите дека на Зоран Милевски Кичеец кој е осомничен за рекетирање му е доделен статус на заштитен сведок од страна на СЈО?

СДСМ и Заев ја ставија државата во служба на мафијата. Целата домашна и меѓународна јавност повикува на одговорност и прави притисок за целосно расчистување на случајот Рекет.

Јавното обвинителство мора да работи во служба на законите и Уставот а не во служба на криминалот на аболицираниот Заев и неговата влада.

Јавното обвинителство мора да се ослободи од канџите на криминалната влада на СДСМ и веднаш да донесе одлука за припишување на истрагата и притвори бидејќи постои опасност од уништување на доказите, влијание врз сведоци или бегство.

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавно обвинителство кое ќе биде непристрасно, професионално, независно и отпорно на политичките влијанија и уцени од страна на СДСМ и Заоран Заев.

Ова мора да престане. Потребна е обнова на Македонија а тоа е можно само доколку Зоран Заев и СДСМ заминат час поскоро.

Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој тврди дека лицето кое пристигна од Шутка не е Јанева и дека се работи за уште една како што вели тој лага на Зоран Заев.

МИЛЕНКО: ТОА НЕ Е КАТИЦА-ЛАЖАТ таа е пренесена е со хеликоптер од Јасен во Грција во куќа на еден наш богаташ-политичар

Екс обвинителката Катица Јанева оди во куќен притвор. Вака денеска одлучи скопскиот...

Таа истакна дека нивниот став бил негатиен во врска со излегувањето на Јанева од притворот во Шутка, вели шефицата на Обвинителството – Вилма Русковска, во изјава за „А1он“.

Со судии што ја пуштаат Катица дома, нема место во ЕУ- Рускоска бесна поради одлуката на Апелација

Откако денеска Апелациониот суд донесе одлука Катица Јанева да биде пуштена во домашен...

Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски, изјави во септември Заев.

Премиерот Заев уште во септември најави дека Јанева ќе биде пуштена во куќен притвор

Се потврдија информациите на пратеникот Антонио Милошоски кажани на лидерската...

Сите го познаваат капетан Џевдет кој е храбар војник, гордост на својата татковина. Тој е истовремено сопруг, бескрајно вљубен во својата сопруга, убавицата Азизе, но и грижлив татко на своите деца и добар син на својата мајка.

Познат крајот на мега хит серијата „Далеку од дома“- нема да ви се верува што ќе се случува

Актерите кои се прославија со легендарните улоги од “1001 ноќ” овојпат повторно ги...