
Живот
Настани
Пред гламурозната церемонија на доделувањето на оскарите која со нетрпение ја очекува целиот свет, тимот на „Медена земја”, блесна во елеганција која вечерва ќе ги засени светски познатите актери од Холивуд.

„Припрема за Оскари. Ајде чао, се гледамо вечер на црвен тепих“.
Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија.
Втор пат по 25 години македонски филм влегува во трка за престижната статуетка оскар со светските најдобри филмови. „Медена земја“.
Годинава за номинираните на Оскарите – награда која ја доделува американската Академија за филмски уметности и наука, гласаа 8469 претставници на филмската индустрија.
Тие мора да се „реализирани“ експерти во кинематографијата и се претставници на 17 области на филмската индустрија. Се работи за актери, режисери, продуценти, сценаристи, костимографи и разни техничари.
Оскар, најпрестижната филмска награда која ја доделува американската Академија на филмски уметности и наука се доделува од 16 мај 1929 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.