Бурекот го сервираме топло со чаша јогурт.

Објавил: Сара Фемина | 4 јули, 2022 14:28

Македонска пита – бурек со мелено месо

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ако сакате да го изненадите вашето семејството или пријателите околу вас, подгответе домашен бурек со готови кори.

Домашниот бурек е одличен предлог за појадок или вечера и секогаш оди во комбинација со чаша јогурт.

Вкусен домашен бурек, кој може да се направи во секој момент. За вас или вашите пријатели секогаш е добра прилика да се има на вашата трпеза.

Состојки :

400-450ГР танки готови кори

300гр мелено месо

1 главица сецкан кромид

1лажиче свежо мелен бибер

1/2лажиче сол1 лажица магдонос

2 лажици масло

Попрскување :

200мл кисела павлака

1 јајце

100мл масло

1 лажиче пециво

Прво на загреано масло го пржиме сецканиот кромид да застакли. Го додаваме месото, пржиме да испари течноста, а при тоа цело месо со вилушка го разделуваме, значи да нема грутки,. Зачинуваме. Во еден сад со миксер ги соединуваме јајцето, маслото, солта, киселата павлака, брашното, пецивото. Во тава бр 26 тенко го премачкуваме дното со масло.

Ставаме 3 кори, кои меѓу себе се преклопуваат и на кој краевите им висат надвор од тавата. Попрскуваме со течноста. Сега ставаме две , три згужвани кори, па малку попрскуваме течност и расфрламе пржено мелено месо.

Повторно кора, течност, месо…. Постапката е иста до крај. Ги прибираме краевите кои висат внатре, по желба покриваме со една цела кора и попрскуваме со останатата една лажица течност.

Печиме во загреана релна на 200 с околу 25 минути.

ДОБАР АПЕТИТ !!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.