Забава
Интересно
Познатиот македонски актер, оној со кој растевме и ги гледавме нашите македонски народни приказни денеска има повод за славење. Имено актерот стана дедо на своето прво внуче а прекрасната вест ја сподели на својот Фејсбук профил.
„Убав е овој свет, денес станав вистински дедо. Има ли поголема радост и божја милост да го доживее секој човек овој чин. Денес е голем ден, ни се роди првото внуче Стефан“, напиша тој.

Лазар Бараков тој е роден во село Мокрино, Струмичко, 24 мај 1954 и е — македонски филмски глумец, најпознат по улогите во Македонски народни приказни.
Неодамна во интервју за Магазин.мк Бараков откри дека за него семејството е на прво место. Истакна дека е среќен и горд татко на трите деца, а сега и среќен дедо, но за жал ниту едно од неговите деца не се занимава со актерство, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.
Лазар во нашето интервју откри дека никогаш со сопругата не се мешале во желбите на нивните деца и дека секогаш во животот ја имале нивната поддршка.
Лазар Бараков беше дел од Македонските народни приказни повеќе од дваесет години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Интересно
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.